
Ви се исфлекала омилената свилена кошула, фармерките изгубиле боја…еве неколку совети како да ги избегнете вакви или слични ситуации.
ПЛАТНОТО ДА НЕ ПРОПУШТА
Платнените патики можат да станат водоотпорни ако ги премачкате со восо, а потоа ги исушите со фен.
ЛИМОН ЗА ФЛЕКИТЕ ОД ПОТ
За да ги отстраните трагите од пот од маиците, кошулите или фустаните, пред перењето, на проблематичните места ставете лимонов сок.
ВИНО И ВИНО
Со бело вино можете да отстраните црвено вино.

ЛЕБОТ ВО СЛУЖБА НА МОДАТА
За чистење на флеки на предмети од антилоп, земете тврда корка стар леб и стружете по флеката.
ПУДРА
На маслените флеки на новчаникот или чантата посипете со детска пудра и оставете да отстои преку ноќ. Флеката ќе исчезне.
ФАРМЕРКИ
За темните фармерки да не губат боја, наместо омекнувач ставете пола шолја бел оцет.