Се поблиску до создавање на вештачки живот: Првиот синтетички хромозом!

popara8 април, 20141min00
3

Големиот научен тим успеа во лабораторија да го произведе првиот синтетички хромозом…

Со тоа е направен уште еден чекор , кој не носи поблиску до создавање на вештачки живот. Меѓународен тим на истражувачи, по седум години работа успеа да произведе синтетички хромозом на пивскиот квасец. Ова претставува значаен чекор напред во областа на синтетичката биологија, која треба да овозможи развој на нови лекови и да го поттикне производството на биогорива.

Досега , истражувачите имаат произведено само хромозоми на бактерии и РНА вируси, чија градба е многу поедноставна. Меѓутоа, овој пат , тие успеале да произведат геном и да поврзат 273.871 базен пар на амино киселини од ДНК од квасецот, што е малку помалку од природниот еквивалент кој содржи 316.667 .

Истражувачите ја менуваат генетската основа на хромозомот, одстранувајќи ги од него сите оние делови кои не се потребни за репродукцијата и растот на хромозомите.

– Благодарение на нашето истражување, синтетичката биологија се пресели од теоријата во реалноста – рече Џеф Беки, директор на Институтот на Генетски системи во Универзитет Ленгон во Њујорк и автор на проектот чии резултати беа објавени во списанието “Science”.

Значително изменетиот еукариотски хромозом (гените се наоѓаат во јадрото на клетките на животните и растенијата ) е трансплантирана во живите клетки на квасецот, кој се однесувал сосема нормално , иако поседува нови својства , кои не постојат во природениот квасец , наведуваат истражувачите .

– Промената на геномот е чиста лотарија, а несоодветната промена може да ги убие клетките. Ние имаме повеќе од 50.000 промени во кодот на ДНК хромозомите, а нашиот квасец е се уште жив , што е извонредно – објаснува професорот Беки .

Врз основа на оваа техника , научниците сега ќе можат да манипулираат со геномот на квасецот и да му даваат одредени својства. Во иднина, на тој начин ќе биде можно да се развијат синтетички видови на квасец способни да синтетизираат ретки лекови или одредени вакцини, како што се вакцините за хепатит Б. Вештачкиот квасец , исто така може да се користи за побрз развој на поефикасни биогорива.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag