Дали некогаш сте посакале денот да ви трае барем 28 саати? Сметате ли дека сте премногу зафатени? Мечтаете ли за одмор? Тоа не е тешко да се оствари – битно е само да знаете кои ви се приоритети и добро да се организирате.
Многу луѓе се трудат да ги испочитуваат сите свои обврски – и оние кои мора да се извршат и оние кои сами се наметнале и оние кои сами си ги создавале зошто не знаеле да кажат „не“. Забави, состаноци, вежбање, работа на себе, купување, вечери, сурфање на Интернет, друштвени мрежи….листата е бескрајна.
Некои од обврските се неопходни и ни одговараат како што се гледање со пријатели на кафе и муабет, излегување во град, одење во кино и слично. Ама многу работи се непотребни. Тоа се оние работи кои не се ни корисни ни вредни, не чувствуваме задоволство туку индеферентност.
Луѓето многу време трошат на работи кои оим одземаат време и енергија, а не им носат ништо. Се гледаат со луѓе кои им ја црпат енергијата наместо да им дадат и го трошат своето драгоцено време на небитни работи за да им удоволат на други.
Битно е да ги знаеме нашите приоритети и да не отстапуваме од нив. Ви даваме пет трикови да го вратите својот презафатен живот во нормала и секогаш да имате доволно време.
1) Пред да прифатите некоја покана размислете дали се радувате на поканата. Ако да, прифатете ја. Ако не сте сигурни, кажете дека ќе размислите. Ако не ви се оди, љубезно кажете дека не ви се оди.
2) Кога на вас ќе „паднат” мал милион работи, застанете на момент, опуштете се и размислете што би било паметно да направите. Јога или вечера? Кино или Интернет? Сите имаме 24 часа во денот – вие најдобро знаете како сакате да го потрошите своето време.
3) Ако ви е досадно, пред да викнете некој да се видите, размислете што од секогаш сте сакале да направите а не сте наоѓале време за тоа. Ако постои нешто такво, оставете го дружењето за некој друг пат.
4) Уживајте во мир. Кога се ќе се смири и кога можете да размислувате ви доаѓаат многу креативни идеи. Уживајте во тишина и во друштво на најважната личност во светот: вие самите!
5) Запаметето едно златно правило – распоредот да не ви биде приоритет туку приоритетите да ви се во распоредот.