Американката Ели Кригер, позната нутриционистка советува дека постојат пет ггрупи на храна кои треба да ги внесуваме секојдневно. Тоа се:
Цели житарци.Прв на листат се наоѓа темниот ориз. Таа препорачува да се избегнуваат рафинираните житарици, затоа што при нивната обработка се губат најважните минерали, антиоксиданси и витамини. Па кога јадеме такви житарки, не внесуваме ништо здраво, со нив само ја заситуваме гладта.
Зелен лиснат зеленчук. Спанаќот, блитвата, марулата… тоа е зеленчук кој е богат со калциум, витамини А, Б, Ц.
Јаткасти плодови. Бадемите се сјаен извор на витаминот Е. Сите останати јаткасти плодови содржат омега 3 масни киселини, калциум и многу други минерали кои се од големо значење за нашето здравје.
Јогурт и млеко со мала масленост. Јогуртот содржи култури кои ја чистат цревната флора и го зајакнуваат имунитетот. Јогуртот и извор на голема содржина на витамин Д кој е неоходен за здравјето на коските.
Чај. Црниот и зелениот чај се голем извор на антиоксиданси кои го чистат целото тело, и флавоноиди кои спречуваат појава на воспаленија и рак. Освен ова, тие го опуштаат телото и му пружаат одмор.