Облак го проголтал градот, ги испаничил жителите! (видео)

popara14 април, 20141min00
Облак го проголтал градот, ги испаничил жителите! (видео)

Огромен облак кој буквално ја проголтал градската плажа во Аликантео ги вознемирил локалните жители и туристите. На снимката се гледа како под белата покривка исчезнува се што ќе и се најде на патот – и покрај тоа што небото е чисто и сино и нема ни еден облак.

Некои помислиле дека се работи за чад од пожар, а други апокалиптичната глетка ја поврзале со огнометот приреден по повод фестивалот Лас Фајас во соседна Валенсија.

Експертите велат дека станува збор за феномен кој се случува кога студената вода од морето ќе дојде во контакт со топол воздух при што се создава густ, бел и огромен облак.

Погледнете зошто ова ги преплашило присутните:

httpv://www.youtube.com/watch?v=5WPyZsg_Eo0