
Полицијата во америчката држава Јута уапси жена под сомневање дека убила седум бебиња кои ги родила во последните 10 години.
Телата на бебињата биле сместени во картонски кутии во подрумот на нејзиниот поранешен дом. Жената, идентификувана како Меган Хентсман(39), живеела во куќата до пред три години. Куќата се наоѓа во областа Pleasant Grove.
Полицијата соопшти дека бебињата се родени помеѓу во 1996 и 2006 година, објавува Асошиетед прес.
Полицаецот Мајкл Робертс изјави дека полицајците одговориле на повикот на сопругот на Хентсман, со кого не живее повеќе. Тој пријавил дека во куќата има тело на мртво бебе, а полицијата подоцна пронаоѓа уште шест.
Локалните весници објавија дека Меган Хентсман има три ќерки 18, 20 и 13 години.