
Колку пати ви се случило да купите тесни чевли кои ви прават рани? Доколку во близина немате чевлар, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги зачувате стапалата од т.н плускавци или жулеви
– Внатрешноста на чевелот испрескајте ја со раствор кој содржи половина алкохол и половина вода. Облечете чорапи и носете ги чевлите 20-тина минути
– Компир со средна големина, излупете го и ставете го во чевелот. Оставете го преку ноќта и проблемот е решен.
– за кожните чевли користете фен. Загревајте околу една минута додека кожата не омекне. Потоа облечете ги чевлите со подобели чорапи и носете ги додека кожата не се олади
– Кеса за замрзнување наполнете ја со вода, ставете ја во чевелот и оставете ги во замрзнувач 24 часа. Водата ќе се претвори во мраз и ќе ги рашири. Кесето не смее да се преполнува со вода.
– Чорапи натопени во вода и исцедени ставете ги во чевлите и оставете ги внатре да се исушат.