Дали имате проблеми со мозолчиња и акни? Избегнувајте ја оваа храна!

popara16 април, 201421min00
2

Храна пржена во масло не е добро за вашата фигура , па дури и за вашата кожа!

Алкохолот за кратко време може да ја влоши состојбата на вашата кожа!

 Мозолчињата и акните можат да се појават поради многу причини, но ако не може да се реши проблемот подолго време, се препорачува и промена во вашата исхрана, секако, храната да се прилагоди на овој проблем.

Еве храна која треба да се избегнува ако се борите со акните:

 Шеќер

Не велиме дека веќе никогаш не смееме да јадеме малку торта или коцка чоколадо, но ако се составен дел од вашата исхрана слатките, бонбоните и безалкохолните пијалоци – време за драстична промена .

Алкохол

Алкохолот за кратко време може да ја влоши состојбата на вашата кожа , особено кога станува збор за жесток пијалок. Намалување на алкохолот на минимум, но секако дека понекогаш можете да си дозволите по една чаша добро вино.

Млечни производи

Многу луѓе страдаат од некоја форма на проблеми со варењето на млечните производи, така што тие често се поврзуваат и со мозолчињата.

Преработки од месо

Преработки на шунка, колбаси и слични нешта кои ги јадете во сендвич, секако, не е добро за кожата која е склона кон акни. Префрлете се на туна сендвич или сендвичи со зеленчук.

Бел леб

Дури и ако не сте нетолерантни за глутен, белиот леб и тестенините не се добри за вас, бидејќи тие се претвораат во шеќери. Заменете ги со цели зрна од житарки.

 “Лоши маснотии”

Маслата за пржење на храна го прават вашиот тен полош, а експертите велат дека маргаринот е еден од најголемите непријатели на кожата која е склона на мозолчиња, затоа што телото потешко ја обработува.

 Пржена храна во масло

Храна пржена во масло не е добра за вашата фигура, па дури и за вашата кожа и таквите оброци најдобро е да се избегнуваат.

Адитиви

Обоената храна, вештачките шеќери… сето ова влијае на изгледот на вашата кожа. Некој период консумирајте единствено овошје, зеленчук, цели зрна на житарки, риба и црвено месо, и брзо ќе ги уочиш разликите во изгледот на својата кожа .