Селфи огледало! Вие треба само да се насмевнете! (видео)

popara15 април, 20141min00
Untitled31

СЕЛФИ огледалото е составено од куќиште на кое се наоѓа огледало, а во внатрешноста има Мак Мини компјутер, веб камера и неколку ЛЕД диоди. Софтверскиот дел е во рацете на Опен ЦВ, програма за препознавање на лица.

Системот функционира, така што, лицето се погледнува во огледалото, се насмевнува, а ЛЕД диодите на стаклото создаваат рамка и по две секунди прават селфи фотографија. СЕЛФИ огледалото потоа автоматски ја „поставува” фотографијата на Твитер профилот на корисникот.

Може да се направи фотографија со повеќе лица одеднаш, но само доколку сите се наоѓаат во рамките на ЛЕД диодите.

Системот најверојатно ќе се користи за некои промотивни цели и маркетинг кампањи.

httpv://www.youtube.com/watch?v=80m_pC5ns7c