
Синот на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ наводно ја оженил девојката Маша Терзиќ со која е во врска неколку месеци.
Вељко на Фејсбук објавил дека е оженет, а на Маша и посветил статус полн со љубовни зборови, а го лајкувал и братот на Маша, Костадин Терзиќ, кој од неодамна е во врска со Анастасија Ражнатовиќ.
Цеца не сакала да го коментира статусот на нејзиниот син.
Не сакам ништо да коментирам. Што и да кажам ќе биде премногу субјективно – вели пејачката.
Дали е во прашање шега, или Вељко навистина одлучил својата врска да ја овековечи со брак, ќе дознаеме наскоро.
