
Се кладиме дека можете да ја победите статистика!
Според најновите истражувања двојките кои се во брак или се во долгогодишни врски имаат односи во просек 2-3 пати неделно.
Друг многу интересен факт, а тоа е дека просечниот машки оргазам е во рок од две минути од почетокот на односот, а тоа е премногу брзо за неговата партнерка. На жената и е потребно од пет до седум минути за да постигне оргазам.
Двојки во млада возраст сметаат дека е нормално да имаат секс неколку пати на ден, а двојките над 20 -годишна возраст имаат однос еднаш во три дена. Со годините сексуалната активност опаѓа, и двојките меѓу 30 и 50 години имаат секс еднаш неделно , а по педесет и помалку од еднаш неделно.
Најчест секс е дефинитивно на почетокот на врската, кога паровите се сексуално активни , дури и секој ден.
Сепак не треба да се генерализираат овие работи, бидејќи секој пар за себе има различни преференции и потреби . Така, на некои парови им е потребен повеќе секс, додека другите уживаат повеќе во други работи. Нормалниот број е оној кој вам најмногу ви одговара.
Колку често вие водите љубов?