Во астрологијата, на секој знак е препишана некоја единствена особина, која покажува како луѓето во кој знак се однесуваат спрема другите луѓе и околината. Какви особини има твојот знак?
Бик, Лав, Шкорпија, Водолија
Ова се знаци чие однесување е обично и предвидливо. Тие се сигурни во себе и многу верни. На нив секогаш можете да се потпрете. Кога се посветите на нешто, било тоа да е работа или врска, тие остануваат до крај! Се трудат и не се откажуваат. Единствена маана им е што можат да одбијат промени и тоа што се тврдоглави.
Близнаци, Девица, Стрелец, Риби
Ова се знаци кои лесно се менуваат. Тие лесно се прилагодуваат на сите ситуации. За час се свртат како ветрот дува. Тие се со отворен ум и полесно прифаќаат понуди од останатите. Тоа им е и маана. Непостојани се. Никогаш не можете да бидете 100% сигурни што мислат и како ќе се однесуваат.
Овен, Рак, Вага, Јарец
Ова се луѓе од идеи! Лесно се возбудуваат околу се ново и инспирираат и ги покренуваат луѓето во своето опкружување. Секогаш бараат нов начин за пристап на проблемот и сакаат да помогнат на сите. Но заедно со тој залет на идеи, оди недостатокот на акција. Тие секогаш знаат како, но никако да ги превземат потребните чекори!