
На првиот победник на регионалниот Икс Фактор, Даниел Кајмакоски денес свечано му е врачена наградата: луксузен автомобил Мини Морис Cooper SD.
Даниел во оваа прилика го најавил својот прв сингл како и турнејата со суперфиналистите на Икс Фактор.
Напорно работам на мојот сингл, верувам дека ќе го завршиме до 23 мај, кога почнува и регионалната турнеја баш во Скопје, па сите посетители на концертот ексклузивно ќе имаат прилика да го слушнат мојот прв сингл. Мошне сум возбуден што од денес ќе го возам овој прекрасен автомобил – изјавил Кајмакоски.
