Во Словенија регистриран првиот заболен од новата бактерија

popara6 јуни, 20111min00
e coli2
Првиот случај на лице заболено од новата бактерија Е.coli, минатата недела бил регистриран во Словенија, објавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.
Но, сеуште нема потврда дека станува збор за идентичната бактерија од која заболеа 1.600 лица и која предизвика 20 смртни случаи во Германија. Заболениот во Словенија бил хоспитализиран во болница во Словењ Градец во вторникот, а имал висока телесна температура и крвава дијареја. По само два дена неговата здравствена состојба му се подобрила и тој бил пуштен на домашно лекување.
Јанез Лавре, директор на болницата во Словењ Градец изјавил дека заболениот цело време бил во Словенија и дека не патувал надвор од земјата, со што ја исклучил можноста дека се заразил во Германија, каде имаше најголем број на заразени лица.
Тој додал дека конечните резултати од тестирањата ќе бидат готови во текот на неделава.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag