Младиќ: Направив животна грешка што не се убив

popara6 јуни, 20111min00
article-1393838-0C628C3200000578-860_634x377
Ја направив живoтната грешка бидејќи не се убив и не си пресудив самиот. Но, сега кога веќе сум тука, сакам да ми ги исполните моите барања и веднаш да ми обезбедите адекватна здравствена нега, посета од моето семејство, сопругата и синот, како и од адвокатот. Во спротивно, ќе престанам да ги земам лековите, кои ги имам кај себе, како и ќе престанам да ја земам храната, која ми ја носите, рекол генералот Ратко Младиќ, по доаѓањето во Хаг, јавува српскиот весник “Блиц“, повикувајќи се на сопствени сознанија, пренесува Нетпрес.
Најпознатиот обвинет од хашкиот Трибунал, побарал од судските власти да му овозможат финансирање на адвокат, бидејќи како што рекол, тој за тоа немал пари. Ако Трибуналот не овозможи исплата на адвокат, Младиќ рекол дека во тој случај нема да има одбрана и дека тоа ќе го примора да почне чтрајк со глад.
Според непотврдени информации на “Блиц“, Младиќ воопшто не боледува од карцином. Неговата лоша здравствена состојба е последица од двата мозочни удари, од кои првиот го имал во 1996 година. Во тоа време бил лекуван во Воено-медицинската академија. Тогаш препишаната лекарска терпаија ја применил сам. Истата терапија, без докторска консултација, почнал да ја применува и 12 години подоцна, односно во 2008 година, кога го доживеал и вториот мозочен удар, и не престанал самиот да се лекува, се’ до неговото апсење.
Инаку, весникот пишува дека сите обвинети од Србија во Хаг, побарале Трибуналот да им испрати тим од српски лекари, кој би ги прегледал. Српскиот министер за здравство, Зоран Станковиќ, изјавил дека во тек е еанализа на тоа барање.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag