Еднаш, еден човек го замолил Бог да му даде пеперуга и еден цвет.
Но, Бог му дал еден кактус и една ларва.
Човекот многу се натажил и се прашувал каде погрешил што Бог наместо цвет и пеперуга му дал кактус и ларва. Помислил да го праша Бог зошто не го добил бараното нешто, но имало премногу луѓе што чекале ред кај Бога, па затоа решил сега да не прашува ништо.
Поминало некое време и човекот веќе заборавил на прашањето. На негово големо изненадување, од трнливиот и грд кактус се појавил најубавиот цвет, а ужасната ларва се претворила во прекрасна пеперуга. Човекот бил пресреќен, бидејќи го добил тоа што го побарал од Бога.
ПОУКА: Бог секогаш делува праведно и го избира вистинскиот пат за тебе, иако тебе ти се чини дека е погрешен. Ако побараш од Бог една работа, а добиеш друга, тогаш имај верба. Секогаш верувај и очекувај дека Тој ќе ти го даде тоа што ти е потребно во вистинското време. Не секогаш она што го посакуваш е тоа што ти е потребно. Тој секогаш ти го дава она што си го побарал, затоа верувај, не се откажувај и не се сомневај. ТРНОТ ШТО ГО ДОБИВАШ ДЕНЕС, УТРЕ ЌЕ СТАНЕ ЦВЕТ!
Болката што ја чувствуваш денес, утре ќе биде подлога за новата љубов, гнездо за вистинската сродна душа…Затоа никогаш не се откажувај, еден ден вистинскиот ќе се појави. Кога најмногу очекуваш, бидејќи љубовта сака да изненадува…