За сите оние кои сеуште не наполниле 30 години, сервисот Редит нуди полезни совети, а за оние кои наполниле, нека видат што пропуштиле и каде погрешиле…
За овие работи најверојатно ќе жалите кога ќе наполните 30 години:
1. За тоа што постојано сте го земале во предвид сеопштото мислење
Според повеќето луѓе, на една одредена возраст веќе „би требало” да сте во брак, да имате дете, да имате завршено универзитет итн.
Живејте го вашиот живот без премногу да се оптоварувате со то што „би требало”.
2. За тоа што не сте поминувале повеќе време со своите родители
Еден ден вашите родители ќе си отидат и ќе сакате да сте поминувале повеќе време со нив.
Прошетајте се, одете на кино, на гости – по некое време тие ќе бидат премногу стари за да ги прават со вас сите работи кои најмногу ги сакале и очекувале.
3. За тоа што сте ја ставале работата на прво место
Бернард Шо вели „Човек лесно може да најде луѓе кои на 60 години се 10 пати побогати отколку што биле на 20. Никој нема да ви каже дека е десет пати посреќен. ”
Затоа, внимавајте како ги користите помладите години!
4. За тоа што сте биле премногу негативни
Поминувајте време со луѓе кои прават да се чувствувате подобро и да ги игнорирате негативните мисли.
5. За тоа што сте мислеле дека 30-годишните се стари
20-годишните мислат дека светот се врти околу нив и сите други се „стари”. На 30 години ќе дознаете колку сте грешеле.
6. За тоа што не сте се ставале себе на прво место
Не можете да им угодите на сите, па клучно е да се фокусирате на себе.
Особено е погрешно да ги изгубите годините поради лоша врска со погрешен човек, кој не ве третира онака како што очекувате од него.
7. За тоа што не сте обрнувале внимание на вашето здравје
На 20 години нашите тела се млади и може да се справат со штетна храна, алкохолот и цигарите.
Си мислиме: „Па, што толку е страшен еден чипс” или „пијам, пушам и немам никаков проблем.”
Еден ден сепак ќе си ја платиме цената за овие штетни работи со кои сме го труеле телото.
8. За пропуштените можности
Како што знаете, човекот жали повеќе за работите кои не направил отколку за оние кои се случиле.
9. За тоа што не сме штеделе
Младите луѓе имаат склоноста да не штедат, бидејќи „морето им е до колена”.
Започнете заштеда пред да биде премногу доцна.
10. За тоа дека не сте патувале доволно
Иако за наши услови ова е малку контрадикторно со претходното (9), велат, обиколете го светот додека сте млади, додека немате деца и бројни одговорности, додека сиот ви приход е само ваш.