Екатарина Велика (скратено ЕКВ) е рок група од Белград и еден од најуспешните и највлијателни бендови на просторот на бивша Југославија.
Бендот го сочинувале гитаристот и пејач Милан Младеновиќ, клавијатуристката Маргита Стефановиќ и басистот Бојан Печар.
Оваа група на почетокот се викала Катaрина II и била создадена во 1982 година во Белград по распадот на бендот Шарло Акробата, од страна на пејачот Милан Младеновиќ, гитаристот Драгомир “Гаги“ Михајловиќ, басистот Зоран Радомировиќ-Шваба и тапанарот Душан Дејановиќ. Групата е именувана по Гагиевата девојка, Катарина. Во текот на 1982 година на бендот и се придружува и Маргарита “Маги” Стефановиќ. Радомировиќ набрзо потоа преминува во бендот “Ду Ду А”, а Душан Дејановиќ во “Дисциплина кичме”, додека едно време тапанар бил Бранко “Манго” Куштрин. На почетокот на 1983 година на местото тапанар доаѓа Ивица “Вд“ Вдовиќ, бившиот тапанар на Шарло Акробата, а басист станува Бојан Печар, со што е формирана конечната ритам секција на бендот. Дефинитивната и последна постава на катарина II – Младеновиќ, Михајловиќ, Стефановиќ, Печар и Вдовиќ – започнуваат во 1983 година со работата на нивниот деби албум.
Екатарина Велика е меѓу највлијателните, ако не и највлијателниот бенд на просторот на бивша Југославија, а исто така се смета и за еден од најважните бендови на југословенската рок сцена воопшто. Многу бендови во текот на годините ги обработувале нивните хитови, но она што е карактеристично е тоа дека сите тие се имитации на темите со кои Милан Младеновиќ се занимавал како и на неговиот единствен поетски стил кои постојано се појавуваат во музиката на многу нови млади бендови.
Меѓу бендовите за кои се тврди дека се под огромно влијание на Екатарина Велика е и бендот “Ван Гог” кој се издигнал до статусот на еден од најпопуларните рок бендови во Србија во втората половина на 90-те години, но кој исто така е често критикуван поради претераната склоност кон имитација на ЕКВ, а посебно кога станува збор за текстовите на песните. Друг бенд на кој Екатарина Велика значајно влијаела е Block Out, кој ја обработил нивната песна “Соба” (трибјут издание “Као да је било некад”) и кој често ги изведува нивните песни на своите концерти.
Благодарение на постојаните концертни настапи низ поранешна Југославија(со посебно честите концерти во Загреб, Љубљана и Белград)и емитувањето на спотовите на телевизија, Екатарина Велика полека стекнува се поголем број поклоници.
Второто издание му ги донело на бендот првите вистински хитови, песните “Очи боје меда”, “Tattoo” и “Модро и зелено”. На 22 март1 1985 година за прв пат свират надвор од Југославија, на манифестацијата “Денови на културата” во Торино, Италија и оставаат позитивен впечаток. Друг забележителен настап остваруваат на концертот во Загреб кој бил дел од таканареченаата “Боље вас нашли” традиционална размена на бендови меѓу Згреб и Белград. Кон крајот на 1985 година Фирчи заминува на задолжително отслужување на војниот рок, а негова замена на тапаните е Иван “Рака“ Ранковиќ (претходно во Тврдо срце и Велике уши).
На почетокот на 1994 година Екатарина Велика е неактивна. Милан Младеновиќ истата пролет заминува во Бразил каде заедно со пријателот и музичар Митар Суботиќ и со група бразилски музичари работи на албумот Angel’s Breath. По неговото враќање во Белград бендот продолжува со концертните активности и отпочнува со работа на новиот албум чиј работен наслов е Поново заједно. Работата на албумот сепак набрзо е прекината поради Милановите здравствени проблеми. Во август 1994година бендот свири на фестивалот во Будва и тоа е нивен последен концертен настап. Следниот ден Милан Младеновиќ е префрлен во болница каде што е откриено дека има рак на панкреасот.
Неколку месеци подоцна, на 5 ноември 1994 година, Милан Младеновиќ умира во Белград на 36 годишна возраст. Со неговата смрт Екатарина Велика престанува да постои.
Бојан Печар умира во Лондон од срцев удар на 13 октомври 1998 година на 37-та година од животот.
Маргита Стефановиќ починала на 18 септември 2002 година во Белград на 43 годишна возраст. Причината за смртта не е официјално потврдена, но се смета дека најверојатно умрела од последица на долгогодишното интравенозно користење на дрога.
Останатите членови на бендот кои починале се Иван Вдовиќ (во 1992како прва регистрирана жртва на СИДА) и Душан Дејановиќ (умрел од СИДА на 16 ноември 2000 година во Белград).
http://www.youtube.com/watch?v=6EZk6ohkSJo
http://www.youtube.com/watch?v=pX9Ldic1D1M
http://www.youtube.com/watch?v=vYMP_oFW0Qw
http://www.youtube.com/watch?v=vB0WOAX5woI
http://www.youtube.com/watch?v=Vw8uvbfshAM
http://www.youtube.com/watch?v=CxQ6UgRvfJQ