Ubuntu на Asus компјутерите

6 јуни, 20110
asus-ubuntu

Компанијата Dell и нејзините компјутери веќе нема да бидат единствените кои ќе дистрибуираат Ubuntu Linux, во тоа се вклучи и Asus. Моделите 1001PXD, 1011PX, 1015PX од Eee PC линиите од овој месец ќе се продаваат со преинсталиран Ubuntu 10.10.

Крис Кенион од Canonical, компанија која стои зад оваа дистрибуција, изјавил за Inquier дека договорот кои го направиле со Asus е важен поради тоа што ќе го донесе Ubuntu до поширокиот аудиториум.

На прашањето поради што мисли дека Asus се одлучил за Ubuntu, а не за некоја друга GNU/Linux дистрибуција, Кенион изјавил дека постојат повеќе причини.

“Многубројни фактори влијаеа на тоа Ubuntu да стане атрактивна опција за Asus и неговите корисници. Ubuntu поставува високи стандарди со својот угледен дизајн, едноставност на употреба и безбедност, тој е третиот најпопуларен оперативен систем во светот и го користат најголем број корисници на Linux“, изјавил тој.

“Ги разгледувавме јавно достапните податоци за оперативните системи на Wikipediа, и дознавме дека има повеќе отворени страни од корисниците кои доаѓаат со Ubuntu, отколку со iPad“, додал тој.

Кога се појави првиот Eee PC, 2007 година, на него исто така се наоѓаше Linux, Xandrox дистирбуција, но покасно се одлучи да се префрли на Microsoft софтвер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *