Еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, Андреас Пануоти, иако е милионер, не знае да чита.
Овој 45-годишен богаташ, поради дислекција од која пати не е во сотојба да пополни ни наједноставен образец. И покрај ова, неговото богатство се проценува блиску до 450 милиони евра.
“Како дете дадов се од себе да научам да читам. Зборовите само се вртеа во мојата глава”, признава во интервјуто за таблоидот “The Sun”.
На 14 години одлучил да го напушти училиштето, но тоа не го спречило да оформи империја. Денес во своја сопственост има три авиони, јахта и компанија.
Поранечниот боксер, роден во Кипар, има големи проблеми со напади на нервоза кога ги чита сообраќајните знаци додека вози.
Бизнис-империјата почнува да ја гради уште како млад. Најпрво работел со својот татко, па продолжил со купување на земјишта и изградба и продажба на станови. Денес тој живее огромен имот во близина на Лондон, а уверен е дека ништо од тоа немало да заработи ако не морал да се бори со дислекцијата.
Тој додава дека го извежбал мозокот за фотографска меморија и сега е покреативен во решавање на проблемите.