
Американски милионер одлучил да ги израдува своите сонародници па осмислил игра во која треба да се бараат скриените пари. Тој на тајни локации остава пари, а на корисниците преку Твитер им дава инструкции каде се наоѓаат парите.
Во Америка деновиве вистинска сензација е Твитер профилот @HiddenCash каде непознат милионер објавува локации на кои скрил пари.
Овој викенд скриените пари се наоѓале на плажа во Лос Анџелес што воедно е продолжение на проектот на мистериозниот богаташ.
Овој пат 36 играчки Енгри Брдс полни со пари биле скриени под песокот на плажата Хермос.
Заработив милиони во последниве неколку години, што е многу повеќе од она што го очекував, а повеќето мои пријатели не можат да си дозволат ни скромна куќа. Ова е мој начин да и вратам на заедницата – изјавил овој хуман човек.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-TAx5YbfLXg