
Милош Савиќ (29) е убиен во понеделникот нешто после 22.30 часот кога непознато лице го застрерало со огнено оружје.
Според сведоците се се одвивало многу брзо, а напаѓачите побегнале со аудито со бугарски таблици кое после неколку минути било запалено и дигнато во воздух неколку улици подалеку.
Возилото наводно било во сопственост на убиениот. Милош Савиќ потекнува од нишкото криминално подземје, а официјално бил професионален кик-боксер. Бил често приведуван поради конфликти со огнено оружје и продажба на наркотици. Се верува дека убиениот е жртва на мафијашка пресметка на нишките криминалци бидејќи веќе три пати имало обид до сега за негова ликвидација, а последен пат тоа се случило во март 2012 година.



httpv://www.youtube.com/watch?v=mM7kDa8ZonY
httpv://www.youtube.com/watch?v=XIVQgUop5IU