
Здружението на американски дизајнери ја прогласи Ријана за модна икона за 2014 година. Оваа награда секоја година се доделува на позната личност чиј стил на облекување имал најмногу влијание на поп културата ширум светот.
Ријана на свечаноста се појавила во проѕирен фустан изработен од Сваровски кристали дело на Адам Селман.
Зак Позен зборувајќи за Ријана на доделувањето на наградата рекол дека таа сака да ризикува, дека умее да носи се што ќе облече и дека многу добро знае што сака.
Некои од претходните добитници на наградата се Лејди Гага, Иман, Кејт Мос и Никол Кидман.



