Курс по “Проституција“

popara20 јуни, 20141min00
12

Во шпанскиот град Барселона стартува необичен курс “Проституција – Основи на професијата“. Според организаторите, идните божици на љубовта ќе можат во процесот на обука да соберат мудрост, да станат самоуверени и да ги откријат одговорите на сите прашања.
Часовите се спроведуваат од страна на Асоцијацијата на секс професионалците. “Светот на сексот за пари бара од проститутките високо ниво емоционален интелект, самодоверба со сопствените способности, социјални навики и способноста да се сакаат самите себе“.
Неподготвената девојка може да се судри со непријатно изненадување, осаменост, страв, срам и тага, се вели во соопштението на организацијата.
Лекциите ќе се водат од Кристина Хараисабал, клинички психолог и експерт за работа со претставничките на сексиндустријата, а исто така и од Конча Борел, секстерапеут и проститутка со 7 годишен стаж.