
Малата Теса Еванс од Северна Ирска е стара само 17 месеци и е родена без нос, а на местото каде што би требало да се наоѓа има вдлабнување. Девојчето поради реткото пореметување го нема сетилото за мирис, како ни синуси.
Пореметувањето се нарекува комплетна конгенитална архинија, а во стручната медицинска литература во Британија се забележани само 47 такви случаи. Нејзината мајка Грејс Еванс (30) вели дека била очајна откако после породувањето и` кажале дека родила многу необично бебе.
„Не можев да разберам и да поверувам дека такво нешто е возможно. Како е можно моето девојче да нема нос, како ќе дише, како ќе живее?“, раскажа мајката.
Првите пет недели од животот ги поминала на интензивна нега и нејзината мајка вели дека тоа и` биле најлошите недели во животот: „Кога си дојдовме дома почна да напредува од ден за ден. Сепак, стравував како ќе реагираат луѓето кога ќе ја видат. Меѓутоа, со тек на време, стравот исчезна“, рече таа.
Исто така Теса е слепа на левото око и имала мала дупка на срцето, но тоа е санирано. Денес Теса се смее и игра со постариот брат, а наскоро ќе и` биде вграден вештачки нос, кој со текот на нејзиниот раст ќе биде заменуван со адекватен, односно поголем нос.
„Се надевам дека приказната на Теса ќе ги инспирира другите луѓе. Би сакала ниедно дете на светот, кое е болно или поразлично од другите да не биде лишено од љубов“, заклучи мајката на девојчето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=YFSrug8Vgjg
httpv://www.youtube.com/watch?v=DZOJHMOYGSU