
Мажите кои се во врска само поради забава немаат потреба детално да зборуваат со партнерката за нејзините тајни желби, ниту да се галат по сексот.
Сексот на почетокот на врската е обично возбудлив и поинаков од оној во претходните врски, но кога тој ќе почне да се вљубува, сè ќе биде сосема поинаку.
- Ќе ве бакнува почесто и подолго
Бакнежите за мажите се многу интимен чин. Поради тоа ова е еден од првите знацидека тој интензивно размислува за долга врска и се гледа себе си во иднина покрај вас. Ако ве бакнува почесто од претходно, по целото тело и долго, сака да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека се грижи за вас.
- Посветен е на сексот
Мажот кој само сака да ужива во сексот, а не и во врската, нема премногу да се труди околу предиграта и времето кое обично и е потребно на жената за да се возбуди. Кога тој се грижи за вас, ќе се потруди и до најситниот детал да бидете задоволни со сексот и ќе почувствувате колку тоа му е важно.
- Сака да ве задоволи
Уште еден знак е тоа што ќе ве испита што сакате во сексот и ќе слуша што зборувате. Мажите кои се во врска само поради забава немаат потреба детално да зборуваат со партнерката за нејзините тајни желби, ниту да се галат по сексот.
- Секогаш е внимателен и дарежлив
Внимателен е и дарежлив љубовник, не само првите неколку пати, туку поголем дел од времето. Тоа е затоа што е заинтересиран и сака однос кој ја надминува линијата секс. Токму затоа се обидува да сфати што е важно за вас, кои се вашите ерогени зони и кога се чувствувате најдобро со него.
- Опуштен е и свој
Кога е опуштен, забавен и не брза да оди по интимните моменти, тоа е слоиден знак дека е заљубен или се зањубува. Поради истата причина нема да се обидува постојано да ве импресионира и да ви покажува колку е совршен во сè.
- Малите работи се важни
Внимава на атмосферата и се обидува да создаде романтичен амбиент за состанок. По малите детали, како што е вечера со свеќи или нов парфем, ќе забележите колку се обидува да сфатите дека се грижи за врската и за вас. Исто така ќе ви каже дека сака да се дружите со пријателите или да одите на кратко патување. Мажот кој сака случајна афера и малку добра забава никогаш нема да ве инволвира во неговиот живот.