3 Магични зборчиња за искрен одговор

popara5 август, 20141min00
iStock_000014669529XSmall-490x324

Би било совршено доколку пред да почнете да се забавувае со некој маж, да ги дознаете сите важни работи за него, зарем не? Секако дека можете, но важно е да го одберете соодветниот начин на кој ќе го прашате сè што ве интересира, а да не бидете нападни. Користете ги овие три симпатични зборови: “Само сум љубопитна”.

Само што го запознавте и сакате да дознаете дали се гледа со уште некој освен вас. Ако го прашате, “Не се гледаш со никој друг повеќе, зарем не?”, автоматски оставате впечаток на личност која врши притисок и поради тоа тој се чувствува недоверливо и има одбрамбен став.

Но, ако го прашате “Се гледаш ли со уште некој? Само сум љубопитна” со блага насмевка, оставате впечаток на опуштена личност која нормално ќе се соочи со било каков одговор и со тоа, тој ќе биде поопуштен и поискрен со вас.

Ако сакате мажот да споделува сè со вас и да биде искрен, мора да го имате тој “сè ќе биде во ред” став. Секако дека тоа не значи дека може да прави што сака, а вие на тоа да кажете дека е во ред, туку да му ставите до знаење дека сè што ќе посака може да ви каже.

Ќе види дека го цените и го разбирате, а оа влијае на привлечноста, а особено во долготрајните врски. Овие три магични зборчиња ќе ја поттикнат неговата искреност и ќе направат да почувствувате поголема блискост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag