Русокосите девојчиња Хели и Брајтон го украдоа вниманието на јавноста со нивните креативни фризури. Нивната мајка Џил, која покрај нив две има уште едно дете, на својот Инстаграм профил секојдневно поставувала раскошни фризури од нејзините ќерки кои сама им ги правела.
На тој начин го привлекла вниманието на голем број следбеници кои се одушевени од овие русокоси близначки. Тие го привлекоа вниманието со нивните плетенки, пунџи, репчиња и целосно восхитувачки фризури.
Според зборовите на нивната мајка, девојчињата обожаваат да си играат со косата, и со задоволство би направиле фризура на секој кој би им дозволил.