Полицијата во Западна Вирџинија разгледува дали да ја тужи двојката за ” секси игри” , со кои шокирала многумина очевидци.
Гледката на гол човек, кој има само капа на главата и кој лази по земјата. а жената во ноќница го влече за вратот и го води по улицата, вознемирила многу сограѓани кои веднаш повикале полиција.
Исто така, нозете му биле врзани, а неидентификуван предмет му висел од анусот.
“Ова беше најчудниот ден досега” изјавил шерифот Нелсон Крофт.
Полицијата ја идентификувала чудната двојка. Станува збор за Барбара Џин Гирдело (53) и нејзиното момче Роберт Дејл (56), за кои утврдиле дека всушност се егзибиционисти, и дека обожуваат вакви чудни секси игри.