Иако во последниве години се смири и не е присутна во медиумите како нејзината вечна ривалка Ким Кардашиан, Парис Хилтон и понатаму заработува милиони. Во текот на овој месец, Парис ќе има четири ДиЏеј настапи на Ибица а за секој од нив ќе биде платена астрономски 500.000 евра!
“Таа заработува два милиони долари за четири ноќи – околу 250.000 евра на час. На публиката ѝ се допаѓа нејзината работа, но повеќето од нив ионака не знаат за себе па и не им е гајле”, вели еден извор. Парис веќе со години наназад настапува на Ибица, а со оглед на вртоглавите суми пари кои ги добива, ова најверојатно ѝ е омилен ангажман.