На почетокот на секоја врска додека трае зањубеноста, хемијата е присутна, а кога ќе изградите подлабока врска, почетната енергија која постоела помеѓу вас често избледува.
Бидете љубопитни
Важно нешто што влијае на појавување на хемијата е чувството на непознато и ново. Секој ден е нова авантура и постојано дознавате нешто за личноста која сте ја запознале. Што подолго сте заедно, толку помалку дознавате и учите за партнерот. Продолжете да си поставувате прашања еден на друг.
Бидете отворени за промени
Секоја врска е променлива, и аверзијата кон промените може да биде вистински убиец на хемијата. Никогаш не знаете, промените може да ве одведат на подобро место.
Бегајте од рутината
Дури и една мала рутина има огромна моќ да ја уништи хемијата. Пробајте нешто ново, правете нешто заедно, патувајте и направете нешто што досега не сте го направиле.
Размислувајте позитивно
Кога ќе запознаете некоја нова личност, лесно е да се фокусирате на неговите позитивни страни, бидејќи тоа е сè што гледате. Како што одминува времето, почнувате да воочувате сè повеќе негативни работи кај партнерот и во вашата врска. Нормално дека не треба да ги занемарите, но гледајте на поведрата страна и сетете се што е тоа што го сакате кај вашиот партнер.
Бидете блиски
Некогаш, пеперутките се враќаат во стомакот ако вложите малку труд. Не заборавајте да се држите за рака, да се масирате еден со друг, спонтано да се бакнете на улица, бидејќи овие ситници ќе ја зголемат хемијата помеѓу вас.