6 Причини први до го завртите неговиот број

popara15 февруари, 20151min00
slika broj

Сте запознале некој супер дечко, сте отишле на првиот состанок кој супер завршил, и  кажува дека сака повторно да ве види…

Наредниот ден гледате во вашиот телефон кој ѕвони, мислете дека е тој…но ништо. Хм дали треба да ја слушате вашата интуиција и први да го завртите неговиот број? Одговорот е – ДА, и  еве зошто:

Упорните девојки се привлечни

Обично машките ова не сакаат да го признаат, но тие обожаваат девојки кои се упорни, односно девојки кои знаат што сакаат, затоa први јавете се – покажете дека не се плашите.

Некој мора да го направи првиот чекор

Машките како и девојките се држат за оние непишани правила. Може нема да ве побара утредента за да не остави впечаток на нестрплив дечко кој одвај чека да ве види. Тој мора да остане “cool” иако сака да ве побара. Не чекајте предолго – вие први скршете го ледот.

Ви се допаѓа

Тој вас ви се допаѓа што е јасно и очигледно. Би се изнанадиле од тоа колку девојки го игнорираат овој факт, бидејќи чувствуваат страв за да не го исплашат дечкото што им се допаѓа. Рамислете – што може да изгубите? Ако е тој вистинскиот, зошто да не.

Срамежлив е

Едноставно некогаш очекуваме премногу од машките. Ако навистина му се допаѓате и ако е срамежлив – големи се шансите дека нема тој веднаш да ве побара. Изградете отворен однос со него и дајте му до знаење дека има зелено светло.

Живееме во 21 век

До пред некоја година било незамисливо девојчињата да го превземаат првиот чекор. Но за среќа времињата се променети, и денес вообичаено е девојките први да ги побараат машките. Тогаш, во што е проблемот? Телефонот в раце!

Хмм…..дали тој има мој број?

Може ова звучи како некое клише, но се случува. Можно е да не го меморирал вашиот број на телефон. Затоа вие завртете го неговиот број.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma