Околу 100 затвореници побегнале од затвор кај Порт О Пренс по избивањето на немирите во зградата, објавиле денес од владата на Хаити.
– Тоа е спектакуларно бегство. Стотина затвореници во неделата избегаа – изјавил неименуван владин претставник.
Мештаните кои живеат во близина на затворот, инаку најдобро обезбедени во земјата, наведуваат дека затворениците трчале на сите страни по нередеот во зградата во кој се слушнало жестока престрелка.
Не е наведено дали имало жртви и повредени во конфликотот.
Меѓу затворениците имало осуденици за шверц на дрога и за киднапирање.
Полицијата наведе дека од затворот побегнал и влијателниот бизнисмен осуден за киднапирање Клифорт Брент. Понудени се 40.000 долари награда за негово пронаоѓање.
Пред да се случи бегството, во затворот имало близу 900 затвореници. Инаку затворот е изграден со помош на донација на Канада во висина од 5,7 милиони долари.