Спротивно на вообичеаното верување, нарушувањето на сонот во староста не е резултат на стареење, туку количината и потребата за спиење се менува низ различните фази од животот, па дури и на постарите лица може ќе им биде потребно повеќе од осум часа спиење, велат експертите.
Според истражувањата на едно американско здружение, на возрасните во просек им се потребни од 7,5 до 9 часа на ден, но меѓутоа треба да се посвети внимание на тоа колку време се отспива одеднаш.
Инаку проблемите со спиењето можат да предизвикаат различни здравствени проблеми, стрес, нарушување на животните навики.
Постарите лица над 60 години повеќе се чувствителни на дразби, како што се бучавата, прекумерна топлина или студ, а оние кои страдаат од артритис, проблеми со бубрезите или депресија, исто така ќе имаат проблеми со спиењето.
Несоницата се карактеризира преку проблеми со заспивање, често будење во текот на ноќта, будење премногу рано и чувство на замор и раздразливост, кој е особено видлив веднаш по станувањето.
Исто така според мислењето на стручњаците треба да се разликува повремена несоница која трае неколку дена и се јавува периодично, како и хронична несоница за која е потребно да се побара помош од лекар.
Стручњаците сметаат дека за подобар сон е потребно барем 20 минути вежбање на ден четири пати неделно, а особено се препорачува брзо одење, трчање, играње, пливање… бидејќи вежбањето го ослободува телото од стрес, а тоа е предуслов за добар сон и јак кардиоваскуларен систем.
Пред спиење, наместо телевизија најдобро е да слушате музика, да медитирате или читате некоја книга која ве усреќува или смирува.
Исто така треба да се ограничи и внесувањето на кофеин во телото во попладневните часови, а додека алкохолот целосно да се заборави.
Што се однесува на храната, последниот дневен оброк треба да биде барем половина час пред спиење, а земањето банана, топло млеко и кекс може да помогне за подобар сон.
Ако страдате од хронична несоница тоа предизвикува други здравствени проблеми, и лековите треба да ги препише само доктор, а пред да се замат било какви средства за смирување треба најпрво да се испробаат сите природни начини за подобар сон.