На прв поглед сигурно никој не би рекол дека Ел Мекферсон има 50 години. Некој пак, би заклучил дека има нешто повеќе од 30 години.
Но, славната убавица во март оваа година го прослави 50-тиот роденден, а сега во разговор за хафингтон Пост открива како ѝ успева да изгледа толку младолико. Таа, всушност смета дека сè е во главата.
“Физички не се чувствувам поинаку отколку когфа имав 40 или 30. Сигурно тука и генетиката игра голема улога и мислам дека до околу 30-тата година, генетиката имаше големо влијание на мојот изглед. Потоа сè е во начинот на кој го третирате вашето тело”, препорача таа и додаде дека младалачкиот изглед е резултат на тоа да се “чувствувате добро”.
Секако, во сето тоа вметна и малку промоција и нагласи дека многу ѝ помага алкализирање на организмот, а воедно дека од неодамна ја создаде нејзината линија на алкализирани производи.
“Верувам дека за мене, за моето тело, за начинот на кој живеам, таков начин на исхрана е многу важен, и поради тоа се чувствувам добро, а резултатот е добар изглед”, препорача Ел.