Кога одите на летување, вашиот несесер е преполн со козметички производи од кои не можете да се одрекнете. Меѓутоа, ние советуваме да не користите производи кои содржат разни хемикалии, туку сами да направите тоник за нега на кожата по сончање.
Сонцето ги суши кожата и косата, но затоа тука е краставицата за да ги врати во живот. Доволно е да исечете на коцки само една краставица, за да прелиете со 1 дл минерална, негазирана вода и да оставите да отстои така околу еден час.
Потоа, земете чисто стаклено шишенце со пумпа за прскање и во него ставете ја процедената течност и чувајте го во фрижидер. Секој ден по сончањето, откако ќе се истуширате, намачкајте го телото со природниот тоник, кој ќе го смири црвенилото на кожата, ќе ја нахрани и ќе ја заштити.
Добиената количина е доволна за три дена, но за среќа, краставицата е лесно достапна, така што нова “серија” од овој производ може да направите во секој момент.