3 обоени “инфузии” кои ќе го ослободат телото од вишокот маснотии

popara13 август, 20141min00
zdrav napitok

Нашето тело одвнатре се чисти со помош на течности, а за тоа најдобри се здравите пијалаци кои сами можете да ги направите од најздравите состојки.

Овие три напитоци се направени од внимателно одбрани состојки, а нивното комбинирање резултира со снабдување хранливи материи кои го чистат телото, ја обновуваат кожата и косата, ја регулираат крвната слика, па така ја подобруваат целата здравствена состојба.

Розова инфузија

Лубеницата помага при ослободување на телото од собраните токсини благодарение на органски соединенија цинтрулин, аминокиселина која го филтрира црниот дроб и бубрезите од насобраниот амонијак. Благодарение на количината на вода од дури 95 од вкупниот состав краставиците исто така помагаат во отстранување на токсините од телото, истовремено обезбедуваат на потребните клетки Ц и Б витамини.

-napitak-розев

Состојки:

-30 дкг лубеница

-1 голема краставица

-1 лајм

-неколку ливчиња нане

-1 дцл вода

Подготовка:

Излупете го лајмот и заедно со лубеницата и краставицата ставете ги во блендер, пред самиот крај на машањето додадете листови нане и вода и повторно се измешајте. Овој напиток се препорачува да се консумира најмалку три пати неделно.

Зелена инфузија

Зелените листови спанаќ и зелка се одговорни за процесот на чистење благодарение на изобилството на хлорофил. Флавоноид апин, кој има антиоксидативно делување, етерично масло и амино киселина аспапаргин, се наоѓаат во коренот, стеблото и листовите на целерот кој делува како природен диуретик покрај тоа мешавината од овој зеленчук го задоволува дневното внесување на витамини и минерали.

napitak-zeleno-spinat

Состојки:

-3 моркови

-3 листови кељ

-2 стебленца целер

-2 репа

-25гр спанаќ

-25гр свежа зелка

-15гр магдонос

-1/2 главица кромид

-2 чешниња лук

Подготовка:

Измијте го зеленчукот, целерот, морковите, лукот и кромидот излупете ги и сите заедно ставете ги во блендер и измиксајте. По потреба додадете вода за напитокот да биде повеќе течен. Добиената количина чувајте ја во ладилник и пијте ја во текот на денот.

Црвена инфузија

Поради содржината цвеклото претставува намирница која поседува својство на реминерализација и успешно се спротивставува на предвременото стареење, и учествува во општо чистење на телото. Капините се дури десет пати побогати со антиоксиданси од доматите или брокула, што ги прави меѓу првите десет најздрави видови храна.

napitak-cikla

Состојки:

-1/2 кг цвекло

-1/2 кг моркови

-30гр капини

-25гр мед

Подготовка:

Изрендајте ги морковите и цвеклото, измијте ги капините, се исецкајте, измешајте, па додадете мед. Смесата оставете ја во фрижидер на 24 часа, па исцедете и сипајте во стаклени шишиња. Консумирајте го напитокот наутро на гладен стомак по 100мл, а покрај тоа што ќе ви го исчисти организмот, овој напиток ќе ви го зајакне имунолошкиот систем и ќе ви ја подобри крвната слика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag