Чуварот на палатата Саут Бродвеј во Пенсилванија, Џон Саундер почина на 64 години, со што избегна појавување пред суд по повод обвинувањата дека, наместо да го чува, го испил вискито вредно повеќе од 102.000 долари, јавува АП.
Сопственичката на палатата стара повеќе од 100 години Пет Хил изјавила дека, кога во 2012-тата ја купила куќата, во неа пронашла 108 сокриени шишиња виски произведени на почетокот на минатиот век.
Цената на секое шише била проценета на повеќе од 2.000 долари.
Сундерс е обвинет, откако полицијата на 52 празни шишиња нашла траги од неговата плунка.