Сопругата на Робин Вилиамс три дена по неговото самоубиство открила дека славниот актер со години боледувал од Паркинсова болест, како и дека не бил спремен оваа информација да ја сподели со медиумите. Исто така изјавила дека во моментот на самоубиството тој немал ниту капка алкохол во крвта.
Американскиот актер и комичар покрај депресијата се борел и со тежок облик на Паркинсова болест, но тоа никогаш не сакал да го објави во медиумите, како поради кариерата така и поради своето семејство кое на секој начин пробувал да го заштити ог жолтиот печат.