Кнедли со модри сливи

popara5 септември, 20141min00
5

Состојки
400 гр. презли
0,5 кг. бело брашно тип 400
0.5 кг. пире од компир
400 гр. шеќер
малку сол
18 зрели сливи нека бидат помеки за да пуштат сок
1 јајце
малку масло за готвење

Упатство

Компирот излупете го,измијте и ставете нека се вари.кога ќе биде варен тргнете исцедете и згмечете како за пире,тргнете на страна нека се лади.

Кога е убаво изладено пирето во него додадете го брашното,јајцето и малку сол. Умесете убаво да биде меко и глатко.

Од тестото направете парче во должина (како змија) и од него кинете еднакви делови од кои ќе правите кнедли.

Сливите измијте ги и извадете им ги семките,се става една слива во една кнедла(од 18 сливи се добиваат 18 кнедли).
Парчето кое сте го откинале од тестото на рака малку го исправете(расплескајте)и ставете ја сливата,убаво затворете и формирајте топче.(рацете можат да ви бидат побрашнети).
Постапката повторувајте ја се додека имате тесто.

Во тенџере од 5 литри ставете вода и почекајте да зоврие. Откако ќе почне да врие во неа спуштајте ги кнедлите(готови се кога ќе испливаат на површина)што ќе испливаат вадете на страна нека се цедат,ставајте по малку кнедли за да можат слободно да се вртат во варењето.
Во тавче ставете го маслото за јадење и презлите, нека се пропржат на тивко да поруменеат. Тргнете од оган и додајте го шеќерот. Кнедлите валкајте ги во оваа смеса.

Наредете ги во тава за печење(подмачкана со многу малку масло) една до друга и поросете со останатата смеса од презли/доколку ви останало. Нека се печат 20 мин на 200 ц.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag