Хороскоп: Четирите знаци за кои домот и семејството се приоритет

popara7 септември, 20141min00
9

Лав

Како крал на животните, тој царува и во сопствениот дом. Лавовите се прекрасни родители кои имаат фантастична врска со своите деца. Праведни се и доследни, вистински пример за секое дете.

Знаат да бидат голема поддршка и да дадат добар совет, па затоа секогаш се опкружени со пријатели.

Затоа што уживаат во друштвото, домот им е често пати преполн со гости кои секогаш добро се забавуваат.

Кога ќе влезете во домот на лавот, слободно можете да ги изоставите кафето и слатките, но никако не смеете да отидете без пијалак. Тие преферираат старо вино и домашна ракија.

Бик

Ако во близина имате луксузна вила со раскошен двор во кој често се подготвуваат забави, бидете сигурни дека таму живее барем еден Бик.

Биковите секогаш го држат семејството заедно, а домот често пати им е луксузно опремена и со многу детали.

Кога слават родендени, крштевки или слава никогаш не штедат и нема да им биде тешко да позајмат пари само за прославата да биде доволно помпезна и богата.

На нивната трпеза секогаш има сè, но затоа што повеќе уживаат во муабетот и песната, сакаат кога другите ја подготвуваат забавата, а тие се само задолжени за атмосферата.

Скорпија

Го сакаат своето мало, одбрано друштво и секогаш добро го пречекуваат. Тие се секогаш центар на внимание на забавите, но не без причина.

Нивната работа е секогаш добро завршена затоа што се организирани. Се згрозуваат од традиционални прослави и секогаш ги сакаат алтернативните решенија по кои ќе се издвојат од топлата.

Кај Скорпиите секогаш има вино, посебно црно.

Овој домаќин смртно ќе го навредите доколку не се напиете еден чаша алкохол со него. Па дури и да се работи за обичен ликер.

Риби

Наспроти Скорпиите, Рибите уживаат во традиционалниот дух и се често побожни. Родените во овој знак знаат да бидат по малку пасивни, но сепак уживаат во организацијата на родендени и празници.

Славата во нивната куќа задолжително се почитува, а гостите се секогаш добредојдени.

Од нивната врата никој нема да излезе со празен стомак, макар и да е дојден непланирано. За кратко време знаат како да се снајдат во кујната.

Рибите не ги пропуштаат шансите за правење зимница или печење ракија. Напротив, уживаат во тоа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag