Ѕвездата од култната ТВ серија „Twin Peaks“, Лара Флин Бојл се прошета низ Лос Анџелес и ги запрепасти сите со својот непрепознатлив изглед. Сите забележале дека актерката е многу пропадната, а причина за тоа се многуте хирушки интервенции кои го трансформирале нејзиниот изглед на полошо.
Додека уживала во друштво на својата мајка Сали, папараците ги снимиле нејзините пренапумпани усни. Иако никогаш не потврдила дека била „под нож“, првите знаци од козметичките корекции беа забележани во почетокот на 2000 година додека била во врска со Џек Николсон.
Се чини дека Лара малку претерала со колаген и ботокс, зголемување на усните, фејслифтинг и останати за неа непотребни козметички процедури. Така, на последните фотографии таа изгледа подуено и целосно непрепознатливо.