Марс торта

popara12 септември, 20141min00
6

Состојки:

кора:
200гр. кекси
300мл. ладно млеко
200гр. млечна карамела

фил:
5 јајца
100гр. млечно чоколадо
200гр. шеќер
150г. млеко во прав
250гр. маргарин

глазура:
100гр. чоколадо
50гр. маргарин
1 јајце

mars

mars2

Подготовка: Кексот натопете го во ладното млеко и наредете го на чинија. Карамелата згответе ја во преостанатото млеко и прелејте ја преку кексите. Изматете ги петте јајца и шеќерот и гответе ги на пареа. Пред крај, додајте го млечното чоколадо, сè соединете и тргнете го од ринглата. Во топол крем измиксајте го млекото во прав, изладете го, измиксајте го и маргаринот, а потоа нанесете го преку слојот-карамела. Стопете ја чоколадата и маргаринот за глазура, додајте го јајцето и изматете со миксер па прелејте ја тортата со смесата. Изладете ја во фрижидер и уживајте во нејзиниот вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag