Џо наводно завршил на улица кога мајка му го избркала од дома откако му нашла дрога. Меѓутоа, иако спие на тротоар, Џо крие многу гламурозна тајна.
Кога ќе го видат на улица луѓето му зборуваат дека минатата ноќ се напил малку повеќе и да си оди дома. Никој не ни претпоставува дека ова убаво момче нема дом! Тој цел ден го поминува обидувајќи се и да се претстави така.
Џо ги зима сите можни тестери на шампон и дезодоранс и се грижи за хигиената. Со сува самодоверба тој секоја втора вечер освојува припадничка ан понежниот пол и преспива кај неа!
“Њујорк е неверојатен град бидејќи има осум милиони луѓе и можеш да имаш секс со секоја втора девојка кога ќе посакаш. Ќе и’ пристапам случајно на некоја девојка, ќе и’ кажам дека ја сакам, дека сакам да ја земам за жена, сосема рекреативно. Вчера спиев кај една девојка и вечерваме јастог”, открива Џо.
Ромео од улица признава дека пие големи количини на алкохол секојднено но дека не му недостасува неговиот стар начин на живот.
“Можеби спијам на картонска кутија два-три дена неделно, но кога ќе се разбудам можам да правам ШТО САКАМ”, открива Џо и додава “Околу 7 наутро ме будат девојки на тротоар и ми викаат дека сум се напил многу минатата вечер и дека треба да станам да си одам дома. Јас им викам – Јас сум дома!”
Сепак заводникот советува да не се обидувате вие со неговиот занает.
“Немојте да бидете јас. Овој живот не е за секого. Сигурен сум дека од сите бездомници во Њујорк само јас можзам да ги изведувам овие ср*ња”.