Станал милијардер па одлучил да ја напушти компанијата! Еве зошто

17 септември, 20140
1
“Јас не сум претприемач, Јас не сум извршен директор. Јас сум “бубатор” програмер кој сака своите размислувања да ги изнесува на Твитер”.

Од Microsoft и официјално објавиле дека за 2,5 милијарди долари ја купиле шведската компанија Mojang која ја разви популарната игра Minecraft. Иако сите претприемачи кои ја продале својата компанија за толку голема сума на пари беа воодушевени од работата, еден од основачите на Mojang, Markus ‘Notch’ Persson има измешани чувства во врска со овој успех и тој веќе го најавил напуштањето на компанијата по довршувањето на аквизацијата, што се очекува на крајот на оваа година.

На Business Insider пренеле и дел од објавата на Маркус од неговиот блог во кој навдува дека си заминува од компанијата бидејќи сака да го “сочува здравиот разум”. Во прилично емотивната објава тој им се заблагодарил на сите кои го претвориле Minecraft во тоа што е денес, но рекол и дека оваа игра денес има неверојатно огромен број на корисници, а тој не може да биде офговорен за нешто толку големо. Исто така, оваа игра повеќе не му припаѓа нему, туку сега им припаѓа на Microsoft, односно “ви припаѓа на сите вас”, им порачал тој на фановите на Minecraft.

Додал и дека видео играта не ја направил со цел таа да стане огромен хит и не се обидува да го промени светот – ја развил бидејќи обожува да програмира и сака видео-игри, а воопшто не сакал Minecraft да стане толку голем хит, кој, како што му кажале повеќето, “ќе го промени светот на видео-игрите”.

Маркус Персон уште пред неколку години сакал да се откаже од развојот на Minecraft, но останал бидејќи го убедиле колегите велејќи му дека тој “е многу значаен за културата на компанијата”.

Работејќи во Mojang сфатил дека нема никаква поврзаност со своите фанови, а мислел дека има и станал симбол за нешто многу големо што повеќе не го разбира и што повеќе не сака да го работи – поради тоа наскоро ќе ја напушти компанијата и ќе работи на мали web проекти кои уште сега најавил дека, доколку некој негов проект привлече многу внимание, веднаш ќе го напушти.

“Јас не сум претприемач. Јас не сум извршен директор. Јас сум само “бубатор” програмер кој сака своите размислувања да ги изнесува на Твитер”, изјавил Маркус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *