Поучна приказна: Зошто кучињата живеат толку кратко?

popara18 септември, 20141min00
8

Кучињата се прекрасни суштества кои го прават нашиот живот  весел и многу повеќе исполнет. Тие нè сакаат безусловно и не очекуваат ништо за возврат.

Ветеринар бил повикан да го прегледа 10-годишното и болно куче, Белкер. Фармерите на кучето – Рон, Лиза и нивниот шестгодишен син Шејн биле многу приврзани кон него. Тие се надевале на чудо, одсносно дека нивниот пријател на четири нозе набрзо ќе трча радубајќи му се на животот. По прегледот, семејството ја слушнало најлошата вест за еден домаќин, кој го обожава своето куче – за Белкер  немало никаква надеж да се излекува. Ветеринарот им предложил  еутаназија, како единствена опција да се олеснат болките на Белкер.

Родителите на малиот Шејн решиле и тој да присуствува на успивањето на кучето, бидејќи можел да научи нешто ново од искуството. Но, оние кои научиле нешто, се покажале возрасните . На следниот ден целото семејство стоело околу болниот Белкер. Шејн изгледал многу мирен додека го галел за последен пат својот пријател. Ветеринарот помислил дека малото момче не разбрало што следува. По неколку минути Белкер веќе не чувствувал болка, а а Шејн прифатил тоа многу смирено. Возрасните започнале деа плачат и да прашуваат, зошто кучињата живеат  толку кратко, во споредба со луѓето.

„Јас знам “- рекол Шејн, кој го слушал кротко нивниот разговор.

„Луѓето се раѓаат и можат да се научат да живеат добро – да ги сакаат сите и да бидат добри, така? А кучињата се раѓаат научени, како да сакаат и да се добри. “

Малиот Шејн, знаел дека кучињата немаат потреба од повеќе време за да се учат на љубов, за разлика од нас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag