Луѓето сакаат да мислат дека многу добро ја познаваат и ја живеат суровата реалност, но вистината е дека најголемиот дел од нив се кријат од непријатните факти, се со цел да не си го нарушат секојдневието.
Entrepreneur ги сублимираше резултатите од анкетата поставена на сајтот Quora, во која корисниците дадоа мислење за работите што луѓето генерално одбиваат да ги признаат иако се вистинити.
Еве што се најде на листата.
1. Изгледот е важен
Убаво е да верувате дека добрите работи им се случуваат на добрите луѓе, но суровата вистина е дека добрите работи некако почесто им се случуваат на поатрактивните луѓе.
Истражувањата покажуваат дека атрактивните луѓе заработуваат повеќе пари,ги сметаат за попаметни и останатите имаат повеќе доверба во нив, наспроти помалку атрактивните луѓе.
2. Никој не е алтруист
Луѓето сакаат да веруваат дека постојат алтруисти и дека тие самите се добри луѓе, но вистината е дека длабоко во себе сите се трудат да ги задоволат сопствените потреби и го гледаат својот интерес. Или како што пишува во текстот на Entrepreneur – има интерес во секое пријателство.
3. Не постои такво нешто како сродна душа
Или да бидеме попрецизни, не постои такво нешто како една сродна душа на светов само за вас. Луѓето сакаат да мислат дека се уникатни и дека имаат интереси и потреби кои се единствени, меѓутоа објективно постојат илјадници луѓе со слични или идентични мислења, интереси и потреби. Тоа значи дека постојат огромен број луѓе кои можете да ги наречете своја сродна душа, фактот што сте нашле некого од многуте е само случајност.
4. Прифаќањето на смртта
Еден од најчестите коментари на луѓето е дека сите се обични смртници и дека смртта може да настапи во секој момент. Иако сите се свесни дека тоа е вистина, ненадејноста на смртта е нешто што сите се трудат да го заборават. На сите им е полесно да го игнорираат тој факт.
5. Никој нема поим што треба да прави
Ако сте збунети во поглед на тоа кој пат треба да го фатите, немојте да мислите дека сте единствени. Без разлика на возраста, најголемиот дел се збунети по ова прашање.
Или како што тоа го срочил еден од корисниците на Quora „сме си ставиле во главата дека треба да зборуваме со одредена самодоверба и сигурност, особено ако сме „експерти“ по некое прашање, но вистината е дека не знаеме“.
6. Успехот не доаѓа преку ноќ
Повеќето луѓе се фокусирани на една единствена работа што преку ноќ може да ги смени нивните животи, а вистината е дека огромниот труд што го вложувате буквално секој ден, ќе почне да се исплати после одреден период. Дури и напорната работа не ви гарантира ништо, во случајот на многу успешни луѓе станува збор за среќа.
7. Светот е полн со страдања
Иако можете да направите по нешто за да му помогнете некому, вистината е дека индивидуалните чекори нема да ја олеснат болката и страдањето што ги трпат многу луѓе ширум светот. Замислете, во овој момент додека вие удобно сте сместени, има луѓе што трпат мачење, силување, глад. И повеќето бираат да ја исклучат таа мисла, за да не чувствуваат непријатност.