Екстремистичката група Исламска држава објави снимка со ново предупредување до Америка

popara19 септември, 20141min00
Екстремистичката група Исламска држава објави снимка со ново предупредување до Америка

На снимката се прикажани џихадисти како дигаат во воздух тенкови, како и ранети американски војници.

Снимката, како што наведува агенцијата, е одговор на изјавата на началникот на здружениот генералштаб на американската војска, генерал Мартин Демпси,во која вели дека доколку сегашната стратегија за Ирак биде неуспешна, ќе предложи употреба на копнените сили.

Демпси во вторникот, говорејќи во Сенатот, рекол дека постои можност американските советници да им се придружат на ирачките трупи во борбата против исламските екстремисти, како и дека САД се подготвени да нападнат врз исламистите во Сирија но дека тоа ќе биде долгорочна и умерена операција.

Началникот прецизирал дека американските советници имаат за цел да им помогнат на ирачките сили кога станува збор за планирање, логистика и координирање на воените напои на коалиционите партнери во борбата против Исламската држава.

Генералот Демпси и министерот за одбрана, Чак Хегел, одговарале на бројни прашања на првиот состанок посветен на проширената воена кампања на претседателот Барак Обама против терористичките закани од блискоисточните екстремисти.

Демпси рекол дека САД се подготвени и за напад на екстремистите и во Сирија, но дека тоа нема да биде операција на краток рок.

„Тоа нема да биде техника на „шокирање и заплашување“ бидејќи Исламската држава не е организирана на тој начин, туку таа операција ќе биде долготрајна“, појаснил Дампси, мислејќи на воздушните напади кои биле изведени на почетокот од војната во Ирак во март 2003 година.

Обама минатата седмица, во телевизиско обраќање, изјави дека со коалицијата ќе се обидат да ја искоренат Исламската држава.

https://www.youtube.com/watch?v=Td9SyiIRHWs

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag