Дали често се прашувате зошто сте сами? Хороскопот ќе ви открие што ви стои на патот

28 март, 20150
4

Дали често се прашувате зошто сте сами? Знаете и сакате да сакате, уживате да минувате време во машко друштво, но нешто сепак ви недостасува.

Можеби не знаете што е тоа, но хороскопот може да ви укаже на евентуалните пречки.

Побарајте го вашиот знак и откријте што ви стои на патот кон совршениот партнер/ка.

Овен

Тврдоглав и самостоен по природа, често пати може да му пречи емотивноста на партнерот. Овните мораат да го смират своето его и да престанат да се ставаат себеси на прво место. Мораат да научат и дека компромисот е клучен за стабилна и долга врска.

Бик

Биковите постојано размислуваат за изгледот и премногу се мрзеливи кога е потребно да направат некој романтичен гест. Тврдоглавите Бикови имаат обичај да се лутат често и долго, па кавгите се честа појава.

Близнаци

Ако често изневерувате во врските, тоа е проблемот кој ви стои на патот. Забавувањето со личноста во знакот на Близнаци може да е збунувачко за партнерот, затоа што ова е знак кој често се менува и може лесно да го исплаши другиот.

Рак

Ракот има обичај премногу рано да ја започне темата за брак и деца. Раковите исто така имаат обичај многу да се врзуваат за партнерот, со што често досадуваат.

Лав

Ако сте Лав, веројатно често се расправате со својот партнер, но само затоа што ви е важно да остане во вашиот живот. Сепак, не претерувајте со нападите за се и сешто. Лавот може засекогаш да остане сам ако не сфати дека поважно е да освои нечие срце, отколку постојано да биде по негово.

Девица

Девиците се претерано срамежливи и им е потребно долго време додека да поканат некој на состанок. Исто така, имаат обичај брзо да се откажуваат и да не му се јават на партнерот или партнерката само ако ги изнервира за некоја ситница.

Вага

Љубовниот живот на Вагата може да биде катастрофален ако постојано бира партнери на кои им е потребна емотивна поддршка. Всушност, Вагите потсвесно наоѓаат партнери кои им влијаат лошо, па тогаш запаѓаат во замка и лесно се манипулира со нив.

Скорпија

Скорпијата има обичај да наредува, заради што врските брзо завршуваат. Некои Скорпии сакаат претерано да ја контролираат другата личност во врската, што може да заврши трагично.

Стрелец

Ако имате превисоки стандарди, тогаш сте прав Стрелец. Секако дека го заслужувате најдоброто и не мора да се задоволите со било што, но ако го одбивате секој кој ќе ви се понуди, самите одбирате да останете сами.

Јарец

Јарците се љубоморни, посесивни и често пати се сомневаат во себе. За жал, потребно им е многу време и голема упорност. Партнерот или партнерката обично стануваат фрустрирани во оваа врска и борењето со вредностите на Јарците е невозможно.

Водолија

Водолијата има свое мислење и не се плаши да го искаже. Ова може да биде интересно на почетокот на врската, но со текот на времето претераното критикување може да донесе константни конфликти и пукање на врската.

Риби

Се уште жалите по бившиот/та? Тогаш сте Риба во хороскоп, која вечно се жртвува и кае. Неретко се случува Рибите да не сакаат да раскинат и покрај тоа што се во лоша врска. Тие често бираат партнери кои ги користат, па заради тоа врски не можат да потраат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi