Меден колач

popara25 септември, 20141min00
13

Многу е вкусен и лесен за јадење. Можете да изедете и повеќе парчиња во еден здив!

Состојки:

180 гр мед,

50 гр свинска маст( може и маргарин) ,

150 гр шеќер,

6 лажици млеко.

Подготовка:

Сето ова се става во тенџере на оган да зоврие. Откако ќе зоврие се трга од оган и се става пола мала лажичка сода бикарбона и пак се враќа на оган да зоврие. Штом ќе зоврие веднаш се трга настрана.

На тоа се додава: 600 гр брашно,1јајце, 1 паќетче цимет (канела), се меси и се дели на 3 дела. На опачината од плехот (коцкаст плех) малку намрсен, се сука кора со оклагија. Се печат корите и веднаш се вадат на крпа на маса.

Се подготвува филот: пола литар млеко се вари со 2 пудинга од ванила и 2 лажици шеќер. Откако се олади се додава претходно изматен маргарин со 250 гр шеќер во прав. Се премачкуваат корите со филот. но последната не се мачка. Се завиткува во чаршав да постои неколку саати да омекне. Потоа се става чоколадна глазура и се декорира по желба.

Многу е вкусен и лесен за јадење. Можете да изедете и повеќе парчиња во еден здив!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag